Студентите од прва година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет Скопје, на 27.04.2026 година, потпишаа договори за реализација на тримесечна стручна пракса во Република Бугарија, во рамки на програмата Еразмус+.
Оваа можност претставува значаен чекор во нивниот академски и професионален развој, овозможувајќи им стекнување практични знаења, работно искуство во меѓународна средина и директно запознавање со европските практики во областа на менаџментот и човечките ресурси.
Преку учество во вакви мобилности, студентите не само што ги надградуваат своите компетенции, туку и развиваат интеркултурна комуникација, самостојност, тимска работа и способност за адаптација во нова средина. Истовремено, тие добиваат можност да се запознаат со нови култури, различни начини на работа и да создадат меѓународни пријателства и професионални контакти.
Универзитет Скопје континуирано ги поттикнува студентите активно да ги користат можностите што ги нудат европските образовни програми, со цел да изградат пошироки перспективи, поголема самодоверба и конкурентност на пазарот на трудот.
Овој пример претставува дополнителна мотивација и за останатите студенти да се охрабрат, да излезат од својата комфор зона и преку меѓународни искуства да инвестираат во сопствениот личен и професионален развој.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2782-erazmus-mozhnosti-za-studentite-na-univerzitet-skopje-potpishani-dogovori-za-trimesechna-praksa-vo-bugarija#sigProId478a4d0229

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ