На 27 мај 2026 година, во просториите на Универзитетот Скопје, се одржа свеченото доделување награди, дипломи и признанија за учениците и менторите кои постигнаа најдобри резултати на Државниот натпревар по географија за ученици од основните училишта за учебната 2025/2026 година.
Настанот беше организиран од Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ и претставуваше свечена завршница на годинешните натпреварувачки активности, во кои учество зедоа ученици од основното и средното образование од целата држава.
На свеченоста беа доделени дипломи, пофалници и награди за најуспешните натпреварувачи, како и признанија за наставниците ментори кои со својата посветеност, професионалност и поддршка придонесуваат за развојот на географското образование и поттикнувањето на младите таленти.
Во своето обраќање, доц. д-р Љупчo Миленковски, во својство на претставник на семејството на патронот на Здружението ја истакна важноста на географијата како наука што ги развива аналитичкото размислување, истражувачкиот дух и разбирањето на современите глобални процеси, нагласувајќи дека успехот на учениците претставува резултат на нивниот труд, љубопитност и континуирана поддршка од наставниците и семејствата.
Здружението упатува искрена благодарност до сите учесници, ментори, членови на комисиите и институции кои дадоа придонес во организацијата и успешната реализација на натпреварот.
Посебна благодарност беше изразена до Универзите Скопје, Институтот за национална географија за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен образовен настан.
На сите наградени ученици и ментори им честитаме за постигнатите успеси и им посакуваме уште многу идни достигнувања, успеси и инспирација во полето на географијата и образованието.
Резултатите од натпреварувањето и имињата на наградените на следниве линкови:
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ШЕТО ОДДЕЛЕНИЕ
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2781-2025-2026#sigProIdf228662d26

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ