Договорот предвидува академски и истражувачки активности во области од заеднички интерес.
Поточно, размена на академски информации, материјали и публикации, како и размена на студенти. Истоа така, предвидено е организирање семинари, симпозиуми, конференции и други академски состаноци од заеднички интерес.
Договорот, на 21.05.2026, во присуство на претставник на кинеската амбасада во Скопје, го потпишаа, деканот на Факултетот за економија на Универзитет Скопје, проф. д-р Далиборка Блажеска и деканот на Институтот за истражувања и развој, на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, Кина, проф. д-р Јанг Хајанг.
На свечениот чин, ректорот на Универзитет Скопје, упати покана до претставници на универзитетот од Кина, да ја посетат Македонија, нашиот универзитет, како и да присуствуваат на свеченоста по повод 20 годишнината на Универзитет Скопје, што ќе се одржи во октомври годинава.
Проректорот за наука и развој, проф. д-р Зоран Ивановски, предложи Југозападниот универзитет за финансии и економија од Кина да биде партнер, како и нивни професори да испратат свои научни трудови на меѓународната научна конференција, ICON BEST, што ја организира Универзитет Скопје по 10-ти пат, а ќе се одржи на 10.10.2026. Поканите беа прифатени со задоволство.
Двете страни изразија подготвеност за имплементација и натаможно развивање на овој договор за соработка.
Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, Кина, е прворангиран универзитет за економија и финансии во Кина и е на трето место во светот.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2780-univerzitet-skopje-potpisha-dogovor-za-sorabotka-so-jugozapadniot-univerzitet-za-finansii-i-ekonomija-od-kina#sigProId2a920de228

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ