Во рамките на Казахстанско – Македонскиот бизнис форум, што се одржа на 20 април 2026 во Скопје, претставници на Универзитет Скопје, предводени од ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, имаа одвоена средба со претседателот на Меѓународниот универзитет Астана од Казахстан, Серик Ирсалиев.
На средбата стана збор за можностите за соработка меѓу двата универзитета, при што, господин Ирсалиев беше посебно заинтересиран за размена на искуства во областа на туризмот.
Конкретно, беше предложено да има размена на студенти по еден семестар меѓу Универзитет Скопје и Меѓународниот универзитет Астана, при што би била вклучена и практична настава за студентите, но и обуки и престој за наставен кадар во Астана и во Скопје.
Двете страни се согласија, ова да се формализира во наредниот приод со потпишување Меморандум за соработка.
Претседателот на Меѓународниот универзитет Астана од Казахстан, Серик Ирсалиев, веднаш потоа дојде и во посета на Универзитет Скопје, при што подетално се запозна со условите за студирање на нашиот универзитет и со досегашните постигнувања.
Беше пријатно изненаден од фактот што Универзитет Скопје е член на UN Tourism и од стекнатиот сертификат за квалитет, TEDQUAL, од оваа организација, па беше договорено нашиот универзитет да му помогне на Меѓународниот универзитет Астана да се зачлени во UN Tourism и да го води низ процесот за стекнување на TEDQUAL сертификат.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2775-razgovori-za-sorabotka-megju-univerzitet-skopje-i-megjunarodniot-univerzitet-astana-kazahstan#sigProIda86c2a6346

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ