Во Ријад, Саудиска Арабија, од 07 до 11 ноември се одржува 26 генерално собрание на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UN Tourism), како и 45 пленарна сесија на придружните членки на оваа организација.
Делегација на Универзитетот Скопје, кој од 2010 година е придружна членка на UN Tourism, учествува на овој собир на светската елита во областа на туризмот, меѓу кои, претставници на стотици држави или влади, на бизнисот, науката и образованието.
На пленарната седница на придружните членки се обратија Министерот за туризам на Саудиска Арабија, Ахмет Ал Катеб, сегашниот генерален секретар на UN Tourism, Н.Е. Зураб Пололикашвили, новата генерална секретарка Н.Е. Шаика Ал Новаис, која стапува на должност во јануари идната година, како и директорот на придружните членки, Ион Вилцу. Станува збор за над 500 придружни членки од 165 држави, меѓу кои е и Универзитет Скопје, од Република Македонија.
Главни теми беа - програмата за работа на придружните членки на UN Tourism и новиот модел за партнерство со државите членки.
За делегацијата на Универзитет Скопје, овој светски собир беше можност за повеќе средби со потенцијални партнери и колеги од универзитети и образовни институции од други држави. Разговарано е главно за можностите за меѓусебна соработка и договори за посета на Универзитетот Скопје и Македонија како атрактивна туристичка дестинација.
Во оваа прилика, ректорот проф. Д-р Аце Миленковски, се запозна со новата генерална секретарка на UN Tourism, Н.Е. Шаика Ал Новаис, при што и го честита изборот на таа функција.
Во разговорот со директорот на придружните членки, Ион Вилцу, стана збор за посетата на студенти од Универзитет Скопје на седиштето на UN Tourism во Мадрид, што е планирана за во јануари следната година.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2719-un-tourism#sigProIdf1b065e577
