Универзитет Скопје и турската компанија специјализирана на полето на туризмот „Картача тур“, која е соработник на македонскиот тур-оператор „Војажер", денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Со Меморандумот е предвидена соработка на повеќе полиња, како создавање заеднички иницијативи за маркетинг и промотивни кампањи, развој на заеднички туристички продукти и услуги, како и соработка на полето на образованието и развивање на заеднички проекти. Целта на оваа соработка е придонес кон развојот на туристичките потенцијали во двете земји и проширување на пазарите низ заеднички напори.
Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, на потпишувањето на Меморандумот, изрази задоволството од воспоставувањето на оваа нова соработка со којашто, како што рече, ќе се прошират можностите за развој на двете земји, како на полето на образованието и туризмот, така и на други полиња.
Генералниот менаџер на „Картача тур“, Фатих Гунај, го поздрави потпишувањето на Меморандумот, нагласувајќи дека со тоа ќе се отвори простор за нови хоризонти на младите луѓе од Македонија и од Турција, како и дека ќе се овозможи стимулирање на иновациите во туризмот.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2668-utms-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-turskata-turistichka-kompanija-kartacha-tur#sigProId3031ca30a5