Носител на диплома за квалитет во високото образование, што ја доделува Светската туристичка организација и Обединетите Нации. Овој сертификат обезбедува гаранција за квалитетот на програмите за едукација.
Меѓу оние универзитети во светот што имаат програми за туризам, Универзитетот Скопје е еден од 100-те најдобри според критериумите на Обединетите Нации.
На 17тиот роденден на Магазинот „Убавина и Здравје“, Универзитет Скопје доби признание за членството во Светската туристичка организација, како единствена високо образовна институција од Македонија.
Наставниот кадар, студиските програми, поврзаноста со индустријата се само дел од критериумите на Светската туристичка организација која го мониторира и оценува целиот процес.
Деканот на факултетот за туризам на УТМС, проф. д-р Сашко Граматниковски рече дека студентите вклучени во студиската програма го добиваат она што го бара пазарот со цел да постигнат одлична кариера. Да се постигне бараниот квалитет не е воопшто лесно. Мора навистина да задоволувате многу компетенции како програма за туризам, порача деканот Граматниковски.
„Можам да кажам дека многу работа е завршено во изминатите години со цел да се постигне бараниот напредок во областите што се анализираат. Мислам дека нашиот основен услов за работа е квалитетот, а квалитетот се заснова на постојан напредок. Универзитетот Скопје е сериозно посветен високото образование да биде на достоинствено ниво, на светски рамки, кое покрај теорија, знаењето да биде засновано и на практичен дел, со што младите по завршувањето на студиите се подготвени да одговорат на пазарот на труд“ потенцираше тој.
Приемот на УТМС во Светската туристичка организација официјално беше потврден на 26 октомври 2010 година, на островот Киш во Иран. Со тоа, УТМС стана еден од елитните универзитети во Европа и во светот што се членки на оваа најпрестижна организација од областа на туризмот. УТМС е и носител на дипломата TEDQual за квалитет во високото образование што ја доделува оваа институција.
Светската Туристичка Организација е специјализирана агенција на Обединетите нации и водечка меѓународна организација со централна улога во областа на туризмот. Во оваа најпрестижна организација членуваат 154 земји и над 400 придружни членки што доаѓаат од приватниот сектор, образованието, туризмот.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2667-univerzitet-skopje-edinstven-od-makedonija-vo-svetskata-turistichka-organizacija#sigProId5be3d05107