На 16. Државно првенство на бармени, кое се одржа во хотелот „Мериот“ во Скопје, Универзитетот Скопје беше награден со плакета за особен придонес во подигнување на коктел-културата и угостителството во Република Македонија.
Плакетата му беше врачена на проф. д-р Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам на УТМС.
Организатор на ова значајно натпреварување е Здружението на бармени на Македонија, кое оваа година го одбележува својот 20-годишен јубилеј.