Во присуство на академскиот кадар, министри, градоначалници, претставници од бизнис заедницата и медиумите се одржа гламурозно свечено доделување на дипломи на шеснаесеттата генерација дипломирани студенти и четиринаесеттата генерација магистри на Универзитетот Скопје што се одржа во Националната опера и балет.
Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски во својот емотивен говор на дипломците и магистрите им порача дека семејството е татковина на љубовта – токму такво големо семејство е Универзитет Скопје, со дипломците, магистрите, нивните родители и сите присутни гости.
„Бидете светилници, освојтете ги и осветлете ги светот и Македонија со надеж, мудрост, знаење и добрина. Вие сте иднината, оние кои можат да донесат нова енергија, нови идеи и промени кои ќе ги унапредат сите нас“ им порача Ректорот Миленковски на овогодинешните магистри и дипломци.
Тој особено им се заблагодари на своите колеги и пријатели што несебично придонесуваат кон развојот на науката, високообразовната дејност и економијата. На проф. д-р Слободан Ивановиќ, редовен професор во трајно звање, му беше доделено почесното звањето Professor Emeritus, на проф. д-р Јове Кекеновски му беше доделена почесна титула Professor Honoris Causa, а на г-н Феми Косовали почесна титула Doctor Honoris Causa.
Свечената промоција стартуваше со балетот „Simply the best“ во кореографија на Олга Панго, чија изведба низ музика и игра ги доловија сите важни мигови во образованието на една личност. Бура од емоции предизвика и изведбата на дел од групата Меморија.
На свечената промоција во МОБ беа прогласени и студентите на генерација. Најдобрите дипломци и магистри се заблагодарија на академскиот кадар, нивната посветеност и професионалност. Универзитет Скопје кој е бренд во високото образование, создава кадри кои веќе се етаблирани на менаџерски позиции во реномирани компании.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2617-univerzitetskata-diploma-patokaz-vo-profesionalnata-kariera-na-mladite#sigProIde00dada68e