Во пресрет на академската година, Универзитетот Скопје им додели три стипендии на млади личности што сакаат своето образование да го продолжат на УТМС на настанот „Збогум лето“ во организација на магазинот „Убавина и здравје“.
Деканката на Економскиот факултет на УТМС, проф. д-р Далиборка Блажеска, истакна дека образованието е најважен столб на една држава. На младите им порача да учат бидејќи знаењето никој не може да им го земе!
Настанот се одржа во скопскиот локал „Еквилибриум“, а на него присуствуваа бизнисмени, професори, новинари, јавни личности. УТМС секогаш со поддршка за младите!
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2610-univerzitetot-skopje-dodeli-stipendii-na-nastanot-zbogum-leto#sigProIdefd6dfff00
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2610-univerzitetot-skopje-dodeli-stipendii-na-nastanot-zbogum-leto#sigProIdefd6dfff00