120 училишни ранци и комплет училиштен прибор добија децата од згрижувачки семејства во Скопје. Донацијата е од Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, со директна поддршка на заменик-министерот за труд, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Настанот се одржа на плоштадот во Општина Гази Баба, организиран во чест на почетокот на новата учебна година.
Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски на дечињата им порача да учат, бидејќи образованието ќе ги направи посилни.
„Образованието е најважната работа. Да сте образовани, значи да сте силни. Слушајте ги родителите, наставниците, учете и дружете се“ изјави Ректорот Миленковски.
Заменик-министерот за труд, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се заблагодарија на Универзитетот Скопје за подршката и општествената одговорност.
Универзитетот Скопје секогаш дава директна поддршка за најранливите категории деца!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2609-univerzitet-skopje-so-direktna-poddrshka-za-najranlivite-kategorii-deca#sigProIdcf73496ae8