Универзитетот Скопје ги мотивира младите луѓе да учат и да откриваат нови хоризонти, ги инспирира студентите своето образование да го продолжат во Македонија.
Мисијата на високообразовната институција е препознаена од заедницата, а магазинот „Убавина и здравје” на УТМС му додели признание за најинспиративен приватен универзитет.
Признанието им беше врачено на подмладокот на Универзитетот, доц. д-р Ангела Миленковска-Климоска и м-р Љупчо Миленковски, кои се заблагодарија за наградата и истакнаа дека УТМС ќе продолжи да вложува во иднината на младите луѓе.
На 16. роденден на „Убавина и здравје“, наградите одат во рацете на добрите луѓе, општественоодговорните компании, хуманитарците и активистите што со својот пример поттикнуваат сите да правиме добри дела, порачаа организаторите.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2582-univerzitet-skopje-dobi-priznanie-za-najinspirativen-privaten-univerzitet#sigProId79c35083c1