Делегација од највисоко академско ниво на Универзитетот Скопје предводена од ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, го посети Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител.
Нашите колеги беа длабоко почестени како гости на Бигорскиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј, а ректорот проф. д-р Аце Миленковски и игуменот на манастирот разменија пригодни подароци.
Делегацијата на Универзитетот ја посети и манастирската библиотека, каде што можеше да се почувствува историјата на македонството што провејуваше низ секој агол помеѓу старите книги, а чии страници пожолтени низ вековите, раскажуваат за неговото опстојување.
На четири столба во библиотеката се претставени светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум, да нѐ потсетуваат кои сме, да не ни дозволат да си ги заборавиме корените, нашата писмена традиција, нашето македонско битиствување овековечено низ историјата со нивните букви.
Епископот Антаниски г. Партениј ја благослови работата на Универзитетот Скопје, нашата едукативна активност втемелена врз завештанието на светите браќа и нивните ученици, нашите напори да чекориме гордо по нивните стапки во нашата едукативна дејност.
Благодарни сме за одличниот прием и укажаната чест, како и за можноста еден дел од денот да го поминеме во ова македонско непроценливо богатство!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2564-blagoslov-od-bigorskiot-starec-i-igumen-episkop-antaniski-g-partenij-za-nashata-rabota#sigProId02a9eacba2