Секогаш и секаде сме препознатливи по начин на кој работиме во интерес на нашата татковина. И овој пат застануваме во одбрана и заштита на македонскиот идентитет!
Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, потпиша Меморандум за соработка со здружение "Културно хуманитарен ФЕНИКС ", претставувано од м-р Билјана Челик.
Заеднички приоритети на двете страни ќе бидат организација на настани, на кои ќе се промовира новопечатена литература преку која ќе се негуваат идентитетот, јазикот и традицијата на македонскиот народ.
Ова е уште еден пример како несебично продолжуваме и понатаму да ги поддржуваме сите иницијативи за заштита и промоција на Македонија, македонско, македонски!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2524-potpishuvanje-na-memorandum-za-sorabotka#sigProId1ada9d7214