На Универзитет Скопје, на 7ми декември се одржа Историски час во чест на 8ми декември- Денот на македонскиот чудотворец и просветител Св.Климент Охридски.
Свое воведно обраќање имаше Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски.
За значењето на Св. Климент Охридски зборуваа и проф. д-р Александар Атанасовски, раководител на Институтот за историја во Република Македонија, проф. д-р Виолета Ачкоска и м-р Билјана Челик. Пораката што ја испрати ректорот Аце Миленковски е всушност дел од пораките на нашиот чудотворец Климент- "Или не поучувај или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги привлечиш, а со делата ќе ги избркаш!"
“Браќа, да се отрезниме и да не се именуваме христијани само по име, туку да се потрудиме со добри дела и со кроткост и пост да стекнеме смирение и љубов кон сите, зашто тие ги очистуваат душата и телото и нѐ прават рамни на ангелите, и нѐ водат на небото. “
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2523-istoriski-chas-vo-chest-na-sv-kliment-ohridski-chudotvorec#sigProId567319c01b