Нашите студенти од Факултет за туризам при Универзитет Скопје, од 14- 18 ноември 2023, учествуваа на интернационалниот натпревар по гастрономија во Анталија, Р. Турција.
Популарниот „Gastro Antalya- international gastronomy and kitchen meeting“ и оваа година беше отворен од градоначалникот на Анталија, г- дин Мухитин Бечек.На првиот ден од овој гастро натпревар во конкуренција од 25 држави, во категорија Паста, Диана Петковиќ се закити со сребрен медал, а Бојана Богоеска и Виктор Арсоски се закитија со 2 бронзени медали.
На вториот ден од гастро натпреварот, во категорија Пилешко повторно Диана Петковиќ се закити со сребрен медал, а Бојана Богоеска и Виктор Арсоски се закитија со бронзени медали. Виктор, Бојана и Диана, на вториот ден од ,,Gastro Antalya,, готвеа заедно со најдобрите светски готвачи Емил Алијев од Азербеџан, Ралф Мененгини од Германија, како и Даниела Пантич Влахович од Србија.
Привилегија и чест беше да се биде под будното око на мастер шефовите Ралф, Даниела и Емил. Гореименуваните , во март 2024 година ќе бидат гости на Универзитет Скопје.
Ректорот Миленковски им се заблагодари за трудот кој го вложија и им посака успех на следниот гастро натпревар во декември во Истанбул.
„Универзитет Скопје се гордее со вашиот постигнат успех, а резултатите се доказ за нашата посветеност и напорна работа, ви посакувам успех на следниот натпревар“ - порача Ректорот Миленковски.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2521-2-4-gastro-antalya#sigProId02595401df