Целта на посетата бнеше учениците да ги заокружат своите познавања за образовниот систем во државата преку запознавање на дејноста на високообразовните институции.
Задоволството беше наше, што токму Универзитетот Скопје беше избран од страна на наставниот кадар на училиштето за реализација на таа цел.
Малите посетители беа пречекани од проф. д-р Александра Стоилковска и доц. д-р Гордана Серафимовиќ.
По дружењето во амфитеатарот и разговорат за високообразовните институции, нивното место и значење во образованието на поединците, но и за создавање професионален кадар во државата, учениците имаа мала закуска во фоајето на Универзитетот.
Задоволните и стреќни лица на учениците беа награда за вработените на Универзитетот.
Драги ученичиња, дојдете ни пак!!!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2498-29-09-2023#sigProId8fd063bcf0