Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, вчера присуствуваше на прославата што ја организираше Општина Гази Баба по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Повеќе од 3000 луѓе на плоштадот во Општината го славеа националниот празник со музиката и песните на Наум Петрески, Зуица Лазова, Александра Јанева, Јордан Митев.
На присутните им се обрати и градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски. „Гордост и обврска е да се биде Македонец! Гордост е да живееш во независна Македонија!“, им порача тој на присутните, кои заедно ја прославуваа 32-годишнината од независноста на татковината.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2488-rektorot-milenkovski-na-proslava-na-denot-na-nezavisnosta-vo-opshtina-gazi-baba#sigProId911ab1b961
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2488-rektorot-milenkovski-na-proslava-na-denot-na-nezavisnosta-vo-opshtina-gazi-baba#sigProId911ab1b961