Висока делегација предводена од Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски беше во дводневна посета на Крушево по повод големиот македонски празник Илинден.
Делегацијата положи свежо цвеќе на гробот на Вело Марков, Питу Гули, на споменикот “Крипта”, на Мечкин Камен, на месноста Слива.
Посетата на делегацијата беше по повод одбележувањето на 120 години од Крушевската Република и 79 години од Првото заседание на АСНОМ!
Славењето на првиот Илинден, неминовно е славење и на вториот и третиот македонски Илинден, зашто Илинден не е само Илинденското востание од 1903-та. Илинден е и државотворниот АСНОМ од 1944 и независна и суверена Република Македонија од 1991 година.
Историски гледано, ни забранувале или пак насилно да наметнат славењето на некој, за нас непрепознатлив Илинден. Но, македонскиот народ не е наивен и знае дека водата е најчиста на изворот. Илинден е изворот на македонската слобода.
Да живее Македонија!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2474-rektorot-milenkovski-vo-dvodnevna-poseta-na-krushevo#sigProIda5045915cc