Во функција на екстензивирање на меѓународната соработка, ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпиша договор за соработка со ректорот на универзитетот „Папата Јован Павле II”, проф. д-р Јозеф Бергер.
На средбата двете страни се договорија за интензивна соработка во областа на научно-истражувачката и едукативната дејност, размена на академски и наставен кадар, заедничка организација на научни конференции како и развој на меѓународни проекти.
Во знак на почеток на соработката ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, официјално стана член на Издавачкиот совет на научното списание Economic and Regional Studies, додека ректорот на универзитетот „Папата Јован Павле II”, проф. д-р Јозеф Бергер, официјално стана член на Издавачкиот совет на научното списание на УТМС, Journal of Economics.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/247-ii#sigProIdbfe963f4a5