На манифестацијата „Денови на образованието”, вчера и денес со свој штанд се претстави и Универзитетот Скопје. Настанот, кој заврши денеска, беше организиран од Веро Центар, а на него се претставија високообразовните институции од државата.
Нѐ посетија многу млади луѓе што сакаа да дознаат нешто повеќе за можностите што ги нудиме на нашиот Универзитет. Особено беа заинтересирани за методологијата по која работиме, а која овозможува стекнување практично применливо знаење, завршување на студиите во рок, многу патување по меѓународни настани релевантни за студиите, гости-предавачи, практична работа кај потенцијални идни работодавци, како и вработување веднаш по завршувањето на студиите.
На нашиот Универзитет може да се студира туризам, менаџмент на човечки ресурси, меѓународен маркетинг менаџмент, информатика, економија и општествени науки и дипломатија. Избери една од нашите атрактивни студиски програми, искористи го мајскиот попуст од 50% за рани уписи и обезбеди си сигурна кариера и иднина!
Запиши се на Универзитетот Скопје!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2445-univerzitetot-skopje-so-svoj-shtand-na-denovi-na-obrazovanieto-na-vero#sigProId2e30384daf