Од недела па до денеска, со наш штанд и со помош на нашите студенти, Универзитетот Скопје се претстави на Саемот за туризам на „Макс травел“, кој се одржува во рамките на фестивалот „Приштина Макс Фест“, во Приштина во Косово.
Третото издание на најголемиот некомерцијален фестивал „Приштина Макс Фест“ започнa оваа недела на 7 мај, а „Макс травел“, организаторот на фестивалот, подготви многу изненадувања, различни активности и мегаконцерти за сите возрасни групи, кои се одвиваат на новиот плоштад „Џорџ Буш“ во центарот на градот. Во рамките на овој грандиозен настан, кој трае цели три дена, „Макс Травел“ го организира и најголемиот саем за туризам на Косово, привлекувајќи повеќе од 50 претставници на хотели од Турција, Дубаи и Египет за да ги информираат посетителите на саемот за својата понуда за летната сезона 2023 година.
Штандот на Универзитетот Скопје на Саемот за туризам на „Макс травел“ го посетија многу млади, кои сакаа да дознаат нешто повеќе за студиските групи и условите за учење на нашиот Универзитет. Тие беа особено заинтересирани за методологијата на студирање кај нас, која овозможува применливо знаење, завршување на студиите во рок и меѓународно признаена диплома!
Искористи го и ти попустот за рани уписи и стани и ти дел од успешната приказна на Универзитетот Скопје! Само уште овој месец, запиши се и студирај со 50% попуст!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2438-univerzitetot-skopje-so-svoj-shtand-na-eden-od-najgolemite-regionalni-saemi-za-turizam-vo-prishtina#sigProId03909343be