Денеска во просториите на Универзитетот Скопје, претставници на Националната агенција за образовни програми и мобилност одржаа презентација за студентите за придобивките од отворањето Европас-профил (https://europa.eu/europass/en/news/europass-profile), професионална социјална мрежа што ја поттикнува мобилноста на студентите низ Европа. По презентацијата, претставниците на Агенцијата имаа работен состанок и со вработени во Универзитетот, на кој беа разгледани можностите и придобивките од вклучувањето на Универзитетот и на неговите вработени во професионалната мрежа на кариерни центри и кариерни советници, Европас-гајденс (https://www.euroguidance.eu/).
Соработката со Националната агенција за образовни програми и мобилност е една од многубројните активности на Универзитетот за развој на меѓународна соработка со професионалната, академската и деловната заедница во Европа и во светот со цел да обезбеди висококвалитетни студии за своите студенти, меѓународно искуство и сигурно вработување по завршувањето на студиите!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2301-nacionalnata-agencija-za-obrazovani-programi-i-mobilnost-so-prezentacii-vo-univerzitetot-skopje#sigProId03499218a2