Четириесет матуранти од СУГС „Кочо Рацин“ Скопје, денеска во Универзитетот Скопје учествуваа на обука за изработка на биографија и на мотивациско писмо, за што добија и сертификат. Обуката ја одржа проф. д-р Валентина Муцунска Палевска, професорка на Универзитетот Скопје.
„Ми се допаѓа што на обуката научивме како да си составиме биографија и мотивациско писмо, како да се претставиме пред идните работодавци. Добро е и на факултет да учиме вака, а ми се чини дека на овој Универзитет се учат вакви практични работи“, ни изјави еден од матурантите што учествуваа на обуката.
Им порачавме да го изберат Универзитетот Скопје за продолжување на своето образование затоа што кај нас се учи во модерни услови, а се стекнува знаење што гарантира вработување!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2266-obuki-za-40-maturanti-za-izrabotka-na-biografija-i-na-motivacisko-pismo#sigProId7a9f9e6334

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ