Денеска во просториите на Универзитетот Скопје, потпишавме Меморандум за соработка со светски познатиот ланец на ресторани за брза храна специјализирани за пилешки оброци, КФЦ. Меморандумот го потпишаа проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје и Гоце Кузмановски, управител на Кан Интернационал Скопје (КФЦ).
Меморандумот опфаќа повеќе полиња на соработка во интерес на двете институции, како што се практикуми за студентите на Универзитетот, организирање на настани од заеднички интерес, заеднички проекти и јакнење на капацитетите на вработените во КФЦ. Господинот Кузмановски истакна дека е особено важно за неговата компанија да обезбеди можности за професионален развој на вработените како мотивација и предуслов за нивно напредување во кариерата, нагласувајќи дека човечкиот капацитет е клучната компонента на конкурентската предност на компаниите денеска.
Студиските програми и обуките што ги нуди Универзитетот Скопје за деловната заедница се дизајнирани токму според нејзините потреби со цел да им помогне со високообучени кадри да се позиционираат одлично на пазарот. Токму поради тоа, Универзитетот е препознаен како лидер во високото образование, посветен на иновациски решенија за надминување на предизвиците со кои се соочува пазарот на трудот денес, но и во иднината!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2264-vrabotenite-na-kfc-profesionalno-kje-se-usovrshuvaat-na-univerzitetot-skopje#sigProId8b10e99602