Канадската мрежа за имиграции и Универзитетот Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка. Документот го потпишаа ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски и директорот на
Канадската мрежа за имиграции, г-н Луи Башур. Со Меморандумот двете институции заемно се обврзаа да соработуваат во промовирање на македонската култура и историја, како и за промоција на студиските програми на Универзитетот Скопје во земјите во кои работи Канадската мрежа за имиграции.
Очекуваме оваа соработка да ни донесе многу студенти од Северна Америка! Убедени сме дека нашите студиски програми, методологија за работа, академски кадар и дипломи се конкурентни меѓународно и повеќе од привлечни за странски студенти! Одиме глобално!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2259-potpishavme-memorandum-so-kanadskata-mrezha-za-imigracii#sigProIde65e2f78dd