На средбата беа разговарани повеќе теми поврзани со наредното претседавање на Шпанија со Европската Унија и можностите на Македонија за започнување на преговорите за членство до крајот на шпанското претседавање. Амбасадорот Крлиу истакна дека Шпанија е голем подржувач на македонските аспирации за членство во ЕУ.
Ректорот Миленковски го запозна амбасадорот Крлиу за работата на нашиот Универзитет, континуираната соработка со Светската туристичка организација, чие седиште е во Мадрид, како и за нашите меѓународни признанија за квалитет во високото образование и нашите идни планови на полето на образованието. Амбасадорот Крлиу се заблагодари за посетата на делегацијата на УТМС и изрази готовност за идна соработка и поддршка на нашиот универзитет.