Во просторите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, денеска се одржа меѓународен јазичен испит по германски јазик под покровителство на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија и Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје. Испитот го организираа средните училишта СУГС „Георги Димитров“ и СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје, кои од 2008 година ја реализираат програмата DSD I и DSD II (германска јазична диплома на средно и високо ниво) како партнерски училишта на Сојузна Република Германија. Целта на програмата е стекнување знаење, полагање меѓународни јазични испити по германски јазик и здобивање меѓународни сертификати.
На присутните ученици им се обрати претставник на Амбасадата на Сојузна Република Германија, г-ѓа Дијана Боме (Diana Böhme), аташе за култура при Амбасадата, a многу среќа на испитот им посака и директорот на СУГС „Георги Димитров“, г-н Саша Стоименов. На Универзитетот на учениците добредојде им посака и проф. д-р Виолета Миленковска, која истакна дека неговите врати се секогаш отворени за младите.
На испитот учествуваа 71 ученик од двете училишта. Универзитетот за туризам и менаџмент, како општествено одговорна високообразовна институција, секогаш им излегува во пресрет на образовните потреби на младите во државата!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2210-na-utms-se-odrzha-megjunaroden-jazichen-ispit-po-germanski-jazik-za-srednoshkolci#sigProIde138d98eab