Амбасадорки, банкарки, бизнисменки, уреднички, професорки и уметници денеска на Универзитетот за туризам и менаџмент испратија силни пораки дека дамите го менуваат светот.
На петте панели на Меѓународниот форум за женско лидерство, под мотото „Жените пишуваат историја“, учествуваа и Н.Е. Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, Н.Е. Патриција диЏовани, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, г-а Илина Мангова, заменик-директор на ИРИ во Македонија, г-а Јулијана Кениг, заменик јавна обвинителка од Република Хрватска, г-а Анита Ангеловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка, г-а Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, г-а Миглена Темлкова, ректорка на Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија и многу други успешни жени од Македонија и од странство.
Присутните ги поздрави ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски и генералниот секретар проф. д-р Јана Илиева. Форумот го отвори проф. д-р Јана Илиева, генерален секретар на УТМС, која во својот поздравен говор истакна: „Низ историјата, жените секогаш биле во првите редови на промените, поместувајќи ги границите и уривајќи ги ригидните општествени ограничувања. Јас силно верувам дека секоја жена има моќ да напише историја, да создаде подобро утре и да остави белег во светот!“, истакна Илиева за улогата на жената во општествените промени низ историјата и денеска.
Проф. д-р Аце Миленковски, ректорот на УТМС, во поздравниот говор до гостите, заблагодарувајќи им се на жените што го разубавуваат светот и истакнувајќи ја нивната специфична позиција во македонската култура и цивилизација, ја посочи официјалната статистика за жените во високото образование денеска: „Од година во година, на високообразовните институции се запишуваат повеќе жени во сите три циклуса студии, а и меѓу тие што го завршиле своето образование повторно доминираат жените“.
Во панелот посветен на успешните жени во дипломатијата, Н.Е. Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска, истакна дека родовата еднаквост значи рамноправна распределба на правата, застапеноста и на ресурсите во општеството, 50% - 50% меѓу мажите и жените. Таа нагласи дека многу е сторено на овој план, но дека има уште многу да се работи на тој план. „Во корпоративниот свет жената треба да работи повеќе за да добие иста позиција како и мажот иако веќе докажала дека може да ја заврши работата. За разлика, мажите, пак, се перципираат како потенцијал“, истакна. Н.Е. Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија.
Во панелот посветен на жените што го движат бизнисот, г-а Анита Ангеловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка нагласи дека поголемата вклученост на жените во работната сила може да значи повисоки стапки на економски раст.
Со овој одлично организиран и успешно одржан форум, Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, како општествено одговорна високообразовна институција, даде
свој скромен придонес во отворање на прашањата поврзани со родовата еднаквост и женското лидерство денеска.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2207-sekoja-zhena-ima-mokj-da-napishe-istorija-poraka-od-megjunarodniot-forum-za-zhensko-liderstvo#sigProId5330a33054