Тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во предводен од Проф. д-р Сашко Граматниковски и м-р Горан Апостоловски, заедно со студентите од истиот универзитет, присуствуваа на Четиринаесеттото државно првенство на бармени на Македонија кое се одржа на 02.03.2023 година во хотелот Мериот во Скопје.
На оваа престижна манифестација Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, зема активно учество на повеќе нивоа. Во својство на членови на жири комисијата, која што ги оценуваше учесниците во подготовка на коктели, во сите дисциплини, учествуваа Деканот Граматниковски и асистентот Апостоловски.
Учесниците се натпреваруваа во дисциплината класична подготовка на коктели. Првото место во дисциплината подготовка на коктели на Четиринаесеттото државно првенство на бармени на Македонија го освои барменот Вања Головски, додека второто место го освои Никола Анастасијески, а третото место му припадна на Дејвид Кузманов. За најдобра техничка изведба во подготовка на коктели наградата ја освои Никола Ефремов, за што доби и плакета од Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје. Организацијата на ова првенство беше беспрекорна, за што сведочеа и огромниот број на посетители. На победникот Вања Головски му посакуваме многу успех и среќа на Светското првенство на бармени кое што ќе се одржи оваа година во Рим, Италија.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2205-utms-na-chetirinaesettoto-drzhavno-prvenstvo-na-barmeni-na-makedonija#sigProId3474989837