На 14 февруари, на св. Трифун, УТМС беше во посета на Неготино на одбележување на денот на лозарите.
Православната црква го слави св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. Неговиот ден го чествува на 14 февруари според грегоријанскиот календар како ден на лозарите и на градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници.
Нека донесе и оваа година добар род, здравје, срежа и бериќет во секое македонско семејство!
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2185-na-sv-trifun-gi-posetivme-lozarite-vo-negotino#sigProId12792f6308
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2185-na-sv-trifun-gi-posetivme-lozarite-vo-negotino#sigProId12792f6308