Денеска, 10 февруари 2023 година, ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски потпиша меморандум за соработка со Карате федерацијата на Република Македонија претставувана од нејзиниот претседател, Петар Белистојаноски.
Со Меморандумот, Универзитетот и Федерацијата се обврзаа да соработуваат на проекти и активности насочени кон популаризација и промоција на каратето како спорт во државата и пошироко, но и за зајакнување на капацитетите на Федерацијата преку поддршка, обуки, работилници и семинари од областа на експертиза на Универзитетот.
Со Меморандумот, Универзитетот за туризам и менаџмент додели и десет стипендии за упис на додипломски или на постдипломски студии за членовите и соработниците на Карате федерацијата на Република Македонија.
На членовите на Карате федерацијата ѝ посакуваме многу спортски успеси и во оваа година!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2182-potpishan-memorandum-i-dodeleni-stipendii-na-karate-federacijata-na-republika-makedonija#sigProId62469e3eaa