Делегација на УТМС, предводена од ректорот проф. д-р Аце Миленковски, денеска во црквата „Св. Спас“ положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање. Покрај ректорот, делегацијата ја сочинуваа проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, проректор за настава, и доц. д-р Викторија Трајков.
На одбележувањето присуствуваа високи претставници на институциите на државата, партии и граѓански здруженија, а во црквата „Св. Спас“ влез имаат само акредитирани делегации и новинари, кои поминуваа низ повеќе безбедносни проверки.
Ѓорѓи Николов Делчев е деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
Универзитетот како високообразовна институција се грижи да ги образува младите да ги почитуваат овие светли примери од нашата историја на кои им ја должиме нашата слобода и независност денес!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2181-delegacija-na-utms-polozhi-cvekje-na-grobot-na-goce-delchev#sigProId00efefacf2