Деновиве Универзитетот за туризам и менаџмент, Скопје е домаќин на дводневни обуки за грижа на социјално загрозени граѓани.
По потпишаниот меморандум за соработа со здружението Љубезност и УТМС, продолжуваме со поддршка на сите нивни активности од ваков тип, а кои се во корист на оваа категорија граќани на Македонија.
Обуките ги споведуваат високи претставници од Република Австрија кои работат посветено на оваа проблематика. На присутните предавачи и учесници им се обрати проректорот за наука и развој, проф. д-р Зоран Ивановски посакувајќи им успешна работа и отворени можности за понатамошна поддршка од страна на нашиот Универзитет.
Воедно се одржа и работна средба со претставници од УТМС и аташето за социјални работи, здравје и грижа за граѓаните м-р Харалд Фугер и останатите стручни предавачи од Австрија. Средбата беше со цел да се разгледаат сите можности за соработка во полето на образованието помеѓу УТМС и австриски универзитети.