Денеска, на Бадник, тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент не ги заборави оние на кои им е најпотребна љубов, верба и надеж, насмевка и топол оброк во овие празнични денови, нашите сограѓани што се во социоекономски ризик.
На божикните празници го славиме раѓањето на Божјиот син, Исус Христос, Богочовекот, кој се роди за да му донесе спасение, љубов и мир на човештвото.
Во духот на празникот, тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент, преку химанитарното здружение „Љубезност“, денеска на Бадник посети две семејства во социоекономски ризик и ги израдува со сѐ што е потребно да има на бадниковата трпеза.
Во текот на вчерашниот ден, подготви и 270 оброка со храна традиционална за овие празници – гравче, посни сарми, риба и овошје, а оброците денеска им ги делеше на бездомни и социјално загрозени лица, за да го прослават и тие достоинствено најголемиот христијански празник, Божик.
Хуманост и солидарност на дело!
Тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент, со желби за љубов и мир во срцата и во светот, им ги честита божикните празници на сите православни христијани!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2175-vo-presret-na-bozhik-utms-so-ljubov-obezbedi-badnikov-obrok-za-licata-vo-socioekonomski-rizik#sigProIdd7b4d86398