Денеска, 5.1.2023 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, беа подготвени 270 оброци за сиромашните и за бездомниците.
Утре, во петок, повторно ќе бидеме заедно во центарот на градот. Оброците што ги спакуваме ќе им ги делиме на сиромашните и на бездомниците. Сакавме да помогнеме колку што можеме традиционалната божикна храна како посни сарми, грав, риба, костени и овошје, да ја вкусат и нашите сограѓани што се на маргините на општеството.
На 7 јануари, во сабота, македонските православни христијани и другите христијани низ светот што се водат според Јулијанскиот календар, го слават Божик, денот на раѓањето на синот божји, Исус Христос. Тоа е најголемиот и највозвишениот христијански празник, кога Бог постанува Богочовек, за да тргне човекот по патот кој води кон Него, да ги разбере вистината, правдата и љубовта.
Во пресрет на овој голем ден, сакавме нашата хуманост да ја преточиме во дело – да споделиме љубов и оброк со оние на кои најмногу им недостигаат.
Нека ни се честити, среќни и бериќетни божикните празници!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2174-na-nashiot-univerzitet-podgotvivme-badnikovi-obroci-za-bezdomnicite#sigProId1824cc43ca