На 10 и 11 декември 2022 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, а во организација на Кариерниот центар на Универзитетот, како резултат на воспоставената соработка со СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, се одржа обука за професорскиот кадар на училиштето.
На предлог на ректорот, проф д-р Аце Миленковски, а во духот на општествено одговрните активности на Универзитетот, се реализира обука на тема „Примена на меките вештини кај вработените во училиштето“.
Дводневната обука ја изведоа проф. д-р Валентина Муцунска Палевска и проф. д-р Александра Стоилковска. Проф. д-р Валентина Муцунска Палевска се осврна на потребата од вештини за градење на имиџот на училиштето, додека проф. д-р Александра Стоилковска на менаџирањето на конфликтите во училишната организација.
Учесниците покажаа голем интерес и активно учествуваа во остварувањето на поставените цели на обуката, а по нејзиното завршување, добија и соодветни сертификати.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2165-sertifikati-za-pominata-obuka-za-profesorskiot-kadar-na-sou-naum-naumovski-borche-od-krushevo#sigProIdf63f762fc6