Денес, 9.12.2022 година, во рамките на манифестацијата Европско Скопје во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Градот, со сопствени презентации учество зедоа и студентите од сите факултети на Универзитетот за туризам и менаџмент. Манифестацијата се одржува петта година по ред, а оваа година таа имаше за цел да ги анимира младите, средношколците и студентите, низ креативни активности да го доживеат и да ги презентираат главниот град на државата.
Креаторката на проектот, м-р Елизабета Кузмановска, во пригодното обраќање кон студентите што денеска ги презентираа своите доживувања на градот во просториите на Универзитетот, изрази огромна благодарност до Универзитетот, кој е воедно и главен поддржувач на манифестацијата. М-р Јулијана Петровска, претставничка на Универзитетот, во својот кус поздрав нагласи дека како општествено одговорна институција, Универзитетот секогаш ќе поддржува спортски и културно-уметнички настани, кои го сочинуваат идентитетот на нашата татковина.
Студентите преку својата замисла за европско Скопје со големи емоции зборуваа за минатото, сегашноста и за иднината на градот. Иднината на Скопје не е само во инвестирањето во градби, туку и во инвестирањето во младите, кои преку културата и образованието ќе градат трајни вредности, такви што го карактеризираа градот досега, но кои треба да бидат негово обележје и отсега во иднината.
Завршниот настан на манифестацијата Европско Скопје ќе се одржи во понеделник, 12.12.2022 година, во просториите на Унивезритетот, кога ќе им бидат доделени и наградите на победниците во секоја од активностите со натпреварувачки карактер.
Ве очекуваме во понеделник заедно да ги прогласиме најдобрите и заедно да им се радуваме на наградите!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2164-prezentacii-za-evropsko-skopje-vo-nashiot-univerzitet#sigProId37e2293b3b