Денеска, 6.12.2022 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, ректорот Миленковски се сретна со амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри.
По обиколката на предавалните на Универзитетот, на средбата што следуваше, ректорот Миленковски му ги претстави на амбасадорот студиските програми на Универзитетот, како и мисијата, визијата и вредностите врз кои се темели неговата работа. Ректорот и амбасадорот Силвестри разговараа и за можностите за академска соработка и за студиски размени меѓу нашиот универзитет и универзитети од Италија.
Имајќи предвид дека Италија е една од најатрактивните туристички дестинации во светот, ректорот Миленковски го покани амбасадорот Силвестри да ја претстави својата земја во предавање наменето за студентите, а специјално посветено на природните убавини, храната, културното наследство и традицијата на Италија.
Ректорот Миленковски и амбасадорот Силвестри изразија надеж дека соработката што ја воспоставија ќе продолжи и особено ќе се интензивира во текот на 2023 година.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2161-rektorot-milenkovski-mu-posaka-toplo-dobredojde-na-univerzitetot-na-ambasadorot-na-italija-andrea-silvestri#sigProId22889fd077