Денеска е Меѓународниот ден на студентите - причината за постоењето на нашиот Универзитетот, надежта и иднината на нашата земја, авангардата на нашето општество!
Денот ја одбележува годишнината од нацистичкиот напад на Универзитетот во Прага во 1939 година, по демонстрациите против германската окупација на Чехословачка. Нацистите ги собраа студентите од Универзитетот, убија девет студентски лидери и испратија над 1.200 од нив во концентрациони логори, по што ги затворија сите високообразовни институции на окупираната територија.
Затоа, Универзитетот за туризам и менаџмент оваа година Меѓународниот ден на студентите им го посветува на слободата на академската мисла и на пристапот до квалитетно образование за сите. Својата посветеност кон овие две вредности ја демонстрира преку своите академски настани каде што поттикнува критичен но конструктивен придонес во развојот на општеството, како и со стипендиите што ги доделува за талентирани студенти и студенти со отежнат пристап до образованието преку Фондот за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковски“.
Драги студенти, нека вие честит денот! Размислувајте критично, решавајте ги општествените проблеми креативно и бидете промената што сакате да ја видите во вашата татковина!