Денеска во Спортско-рекреативниот центар „Кале“ свечено беше отворен 21. Светски шампионат на ИТКФ во традиционално карате за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети и 1. Светски куп на ИТКФ за деца „Хидетака Нишијама“. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е долгогодишен поддржувач на традиционалното карате во Македонија.
Мисијата на ИТКФ е да го промовира традиционалното карате, кое се базира на традиционалните јапонски форми на оваа боречка вештина, и се залага тоа да стане олимписка категорија. Традиционалното карате е пред сѐ за одбранбена вештина, во која предноста во борбата се добива и се контролира со силата на умот, а не со физичка сила.
Македонската традиционална карате федерација за прв пат е организатор на еден ваков светски настан, на кој учествуваат над 500 каратисти од 44 земји. За македонската репрезентација ќе настапат 78 натпреварувачи во сите возрасни категории и дисциплини.
21. Светскиот шампионат и 1. Светски куп за деца започнаа по петокот, на 11 ноември, а ќе траат сѐ до недела, 13 ноември. На свеченото отворања денеска, во Спортско-рекреативниот центар Кале, на ректорот Миленковски му беше доделена Плакета за посебен придонес во развојот на каратето во Македонија, во знак на благодарност за долгогодишната поддршка за традиционалното карате во земјава.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2148-utms-poddrzhuvach-na-svetski-shampionat-vo-tradicionalno-karate-vo-skopje#sigProId9b968f8218