Денес, саботно, ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент го посети Фестивалот на италијанска храна на плоштадот Македонија, традиционално организиран од Амбасадата на Италија. Фестивалот ја промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредностите како заедништво, одржливост и иновативност.
На настанот, најреномираните италијански ресторани од Скопје се обидоа да ги доловат автентичните вкусови на традиционалната италијанска кујна. Посетителите имаа можност и да купат и италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки, но и да уживаат во звуците на италијанските евергрини од 60-тите, 70-тите и 80-тите години.
На плоштадот Македонија во 13.00 часот, настанот го отвори Амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри, а ректорот Миленковски лично му честиташе за одличната организација на Фестивалот.