Денеска со почеток во 12:00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент, гостинско предавање одржа директорот на Меѓународниот републикански институт за Македонија, г-н Крис Бренан.
На своето излагање со наслов „Секогаш има начин“, тој го сподели своето 20-годишно искуство во водење политички кампањи, особено осврнувајќи сe на својата омилена, тогаш кога шансите за победа биле речиси еднакви на нула. Се работи за кампањата што ја водел против гласање за иницијатива за зголемување на минималната плата во Албакерки, Ново Мексико, во 2005 година, кога од 37 негативни поени по преземање на водството, со паметно таргетирање, за 6 недели извојувал победа со помалку од еден поен.
Г-н Бренан, кој успешно ја водеше и кампањата на Џорџ В. Буш во 2000-та и 2004-та година, на присутните студенти им порача дека колку и да изгледа понекогаш невозможно, секогаш постои начин да се победи!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2141-g-n-kris-brenan-na-utms-sekogash-ima-nachin-da-se-pobedi#sigProIdff5377501a