Денеска, во рамките на Спортскиот самит организиран од Геостратешкиот институт Глобал, претседателот на Институтот, проф. д-р Иван Анастасовски, ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски и претседателот на Македонскиот олимписки комитет, проф. д-р Даниел Димeвски, потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на активностите во рамките на проектот „Спортски самит TODAY’S SPORT 2022“. Проектот предвидува промовирање на современите спортски трендови, но и директно учество во подобрувањето на целокупниот спортски систем во Македонија преку изработка на јавни политики за унапредување на спортот и спроведување едукативни активности во државата, но и пошироко во регионот.
На Самитот, Универзитетот за туризам и менаџмент го преставува доц. д-р Викторија Трајков, која на панелот посветен на спортското право дебатира за потребата од ново законско решение за спортот со кое македонските деца ќе се мотивираат да останат, да живеат и да работат во државата, за нови победи на македонската репрезентација, за многу освоени медали и за уште повеќе спортски прослави на Плоштадот во главниот град.