Вечерва, легендарната македонска група Меморија ќе ги забавува битолчани на концертот што ќе се одржи во Ракометното игралиште во градот со почеток во 19:30 часот. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, секогаш со поддршка за културата во државата, е еден од главните партнери на бендот и за овој настан.
Денеска претпладне, тимот на Универзитетот заедно со членовите на Меморија, ве очекува во кафе Пајтон на дружење. Ќе имате можност да го завртите тркалото на среќата и да освоите карти за вечерашниот концерт или некоја друга од многуте вредни награди што ги доделува Универзитетот.
Во рамките на Универзитетот работат вкупно 5 факултета со студиски програми во областа на туризмот, економијата, маркетингот, управувањето со човечките ресурси и информатиката. Тимот на Универзитетот секојдневно ве очекува пред својот објект да одговори на секое ваше прашање во врска со студиите на оваа препознатлива високообразовна институција.
Уписите се во тек, повелете!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2111-univerzitetot-za-turizam-i-menadjment-na-koncertot-na-memorija-vo-bitola#sigProId4ddd8559f4