Секогаш со поддршка за културните случувања во земјата, вчера бевме меѓу крушевчани на затворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.
Во Крушево бевме присутни од почетокот на чествувањето на Илинден во овој град, почнувајќи од 1 август. За оваа прилика, изработивме илинденски лепези на кои од едната страна е претставен Македониумот, а од другата страна славната битка на Мечкин Камен. На лепезите се претставени и шесте факултета на Универзитетот.
За впечатоците од Крушево зборовите се малку, а среќните и пријатно изненадени лица на гостите зборуваа за тоа колку е потребно образовните институции да бидат присутни на големи државни празници. Затоа ние бевме таму.
На затворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, од пред Македониумот порачавме: образование, достоинство и слобода!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2107-od-krushevo-porachavme-obrazovanie-dostoinstvo-i-sloboda#sigProId85da1ef7e3