Веќе една недела тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје е во летна акција во Охрид. Претпладне на охридските плажи, приквечер во центарот на градот. Преку многу забава, дружба и награди, им го доближува на младите студирањето кај нас. Наутро преку игри на плажа, а навечер преку наградите што ги доделуваме преку нашето тркало на среќата.
И студирањето кај нас е исто толку забавно, интересно и целисходно. Насочено е првично кон практично усвојување на клучните знаења и вештини за успех во кариерата и во животот. Постојано организираме разни академски настани на теми релевантни за нашите студиски програми, во кои се студентите активно вклучени и учат преку работата. Во текот на студирањето, студентите изведуваат и практична работа во компании во земјата и во странство, а каде што најчесто завршуваат како вработени по студирањето. Нашите професори се пред сѐ ментори, од кои во кој било момент може да добиете помош во учењето, но и животни совети, дури и на утринско или попладневно кафе.
Универзитетот нуди светски признаена диплома и е еден од 76-те образовни институции во светот посветени на туризмот што поседува диплома за квалитет на образованието доделена од Светската туристичка организација при Обединетите нации.
Уписите на Универзитетот се во тек. Тие што се заинтересирани да станат дел од неговата успешна приказна треба да побрзаат со аплицирање зашто нашите отворени места брзо се пополнуваат! Ве очекуваме!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2106-promocija-na-utms-leten-karavan-na-srekjata-vo-ohrid#sigProId0df754ccd8