Долго топло жешко лето, а нашиот тим во летна акција во Охрид. Од 29 јули е на охридските плажи претпладне, а во центарот на градот попладне. Преку многу забава, дружба и награди, ќе ги промовира студиските програми на Универзитетот за туризам и менаџмент.
Универзитетот е уникатен по многу нешта. Тој е единствениот во државата што му е специјално посветен на секторот туризам и менаџмент, еден од најбрзорастечките сектори на светско ниво. Во рамките на универзитетот, студентите студираат на неколку одделни факултета: Економскиот факултет, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Факултетот за информатика и Факултет за туризам. Сите оние што се гледаат себеси како идни менаџери во туризмот, во компании што се занимаваат со финансиски дејности, како идни сопственици на сопствени бизниси, раководители на одделенија за човечки ресурси, идни програмери или како креатори на ПР и маркетиншки стратегии се тие што мора да тропнат на вратите на нашиот уникатен универзитет. Нуди светски признаена диплома и е еден од 76-те образовни институции во светот што поседуваат диплома за квалитет во високото образованието (UNWTO.TEDQUEL) доделенa од Светската туристичка организација при Обединетите нации.
Уписите на Универзитетот се во тек. Сите заинтересирани студенти што летуваат или се на поминување низ Охрид, може да му се придружат на нашиот тим. Во Скопје може нѐ посетат од 09:00 до 16:00 часот секој работен ден. Обемни информации има и на веб страницата на Универзитетот. Предвидените слободни места на нашиот исклучително интересен Универзитет брзо се пополнуваат, па тие што сакаат да станат дел од неговата успешна приказна треба да побрзаат со аплицирање!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2105-timot-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadjment-vo-letna-akcija-vo-ohrid#sigProId278a791abf