На ден 23.06.2022 година во хотелот Милениум во Битола, Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, одржа работилница за матурантите-победници на Ројал Пром на тема „Мојата идна професија“.
На работилницата во организација на Универзитетот, матурантите од Битола дискутираа за тоа што би избрале да биде нивна идна професија. Идните академски граѓани беа искрени и отворени кога станува збор за своите позитивни страни и квалитети, но за своите цели, како во однос на кариерата, така и за насоките во кои бие се развивале како личности. Во рамките на работилницата, претставниците на УТМС ги претставија методологија на работа, начинот на студирање, извршувањето на практичната работа, наставните програми на секој одделен факултет од Универзитетот, и – секако – условите за студирање. Матурантите беа заинтересирани за наставните програми на Факултетот за туризам, Економскиот факултет, Факултетот за менаџмент на човечките ресурси, Факултетот за информатика и Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.
УТМС на матурантите ширум им ги отвора своите врати за да се стекнат со висококвалитетно образование, практично искуство и светски признаена диплома.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2056-utms-so-prezentacija-na-tema-mojata-idna-profesija#sigProIdf47966379f