Следејќи ја стратешката определба на Универзитетот за развој на меѓународна соработка, ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, денеска одржа работна средба и потпиша Меморандум за соработка со ректорката проф. д-р Миглена Темелкова од Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија.
Со потпишувањето на Меморандумот, двете образовни институции се обврзаа да развиваат научна и академска сорабатка со цел обезбедување подобри и поатрактивни образовни услуги за своите студенти.